ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Основи на Европска унија”Скопје, 11 ноември 2014 година
Ве известуваме дека Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, повторно организира обука на тема “Основи на Европска унија“.
Целта на обуката е службениците да се стекнат со основни познавања за функционирањето на Европската унија. Теми кои ќе бидат разработени се: Историјата на интегративните процеси во ЕУ, институциите и процесите на донесување на одлуки во ЕУ, секторски политики на ЕУ техники на транспонирање, ИПА инструментот и другите фондови на ЕУ, комуникација со ЕУ институции и начини на преговарање, административниот простор и принципите на администрација на ЕУ. Истата ќе ја реализираат државни службеници од Секретаријатот за европски прашања.
Целна група на обуката се државни службеници кои работат во одделенија за меѓународна соработка или во рамки на проекти врзани со ЕУ прашања или ЕУ институции.
Предвидено е обуката да се одржи на: 10. и 11.Ноември 2014 година (понеделник и вторник), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61.
Нагласуваме дека на службениците што ќе дојдат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација, по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Нита Исмаили, тел. 02/2400-476, e-mail:nita.ismaili@mioa.gov.mk.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























