ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Основи на Европска унија”

Скопје, 11 ноември 2014 година

Ве известуваме дека Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, на 10 и 11 ноември 2014 година во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема “Основи на Европска унија“.

 

Целта на обуката е службениците да се стекнат со основни познавања за функционирањето на Европската унија. Теми кои ќе бидат разработени се: Историјата на интегративните процеси во ЕУ, институциите и процесите на донесување на одлуки во ЕУ, секторски политики на ЕУ техники на транспонирање, ИПА инструментот и другите фондови на ЕУ, комуникација со ЕУ институции и начини на преговарање, административниот простор и принципите на администрација на ЕУ. Обуката ја реализираа државни службеници од Секретаријатот за европски прашања.

 

Целна група на обуката се државни службеници кои работат во одделенија за меѓународна соработка или во рамки на проекти врзани со ЕУ прашања или ЕУ институции.

 

На обуката присуствуваа вкупно 18 државни службеници од централната власт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација