Најава : Министерска конференција во Брисел за реформи на администрацијата

Скопје, 11 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 12 ноември 2014 година, среда, ќе учествува на министерската конференција на тема „Зајакнување на реформите на јавната администрација во процесот на проширување„ која ќе се одржи во Брисел. Во рамките на попладневната сесија тој ќе има обраќање во кое ќе го претстави процесот на спроведување на реформите во јавната администрација во Република Македонија.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација