Најава : Ивановски на Јавна расправа за ЗОУП

Скопје, 16 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 17 ноември 2014 година, понеделник, во 10.00 часот, ќе учествува на Јавната расправа за работната верзија на Предлогот на законот за општата управна постапка. Јавната расправа ќе се одржи во Собранието на Република Македонија, во рамките на 12-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација