Доделени сертификати за државните службеници од француската школа ЕНА

Скопје, 10 декември 2014

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија и францускиот амбасадор во Република Македонија, Лоренс Оер, денеска ги доделија сертификатите на државни службеници кои ја посетуваа обуката на Високата школа за јавна администрација ЕНА од Франција. Станува збор за третата сесија од циклусот обуки кои ги спроведоа обучувачи од оваа реномирана француска школа, посветена на социјалниот дијалог во јавниот сектор.

 

Заблагодарувајќи се за поддршката која ја дава Амбасадата на Република Франција во нашата земја на овој план, државниот секретар Јахија истакна дека овие обуки ќе помогнат во секојдневното работење на вработените во јавниот сектор и на државните службеници, како од индивидуален, така и од институционален аспект.

 

„Соработката со Високата школа за јавна администрација ЕНА од Франција, трае веќе три години и очекуваме истата да продолжи во наредниот период, бидејќи од исклучително значење е помошта и споделените искуства од Франција за државниот сектор во Република Македонија.„- рече Јахија.

 

Амбасадорката Оер порача дека обуките се значаен сегмент од функционирањето на јавната администрација и дека треба да се исползуваат вештините кои се неопходни за успешно функционирање на секоја институција.

 

Првата обука која ја спроведе француската школа ЕНА беше на тема „Управување со перформанси и оценување на администрацијата според принципот 360 степени„, а втората се однесуваше на имплементацијата на законите за државни службеници и вработените во јавниот сектор поврзано со вработувањето, начинот на спроведувањето на конкурсите и мобилноста.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација