Најава : Доделување на Сертификатот за функционалност на информациски системи на АКН

Скопје, 10 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 11 декември 2014 година, четврток, во 11.00 часот, на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Славче Трпески, ќе му го додели Сертификатот за функционалност на информациски системи.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација