Најава : Затворање на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација„

Скопје, 17 декември 2014 година

На 18 декември 2014 година, четврток, во 14.00 часот, во Порта Македонија ќе се одржи завршниот настан по повод затворањето на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација„ поддржан од Британската Амбасада во Република Македонија, кој се имплементира во Министерството за информатичко општество и администрација.

На настанот ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и британскиот амбасадор, Чарлс Гарет.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација