Ивановски на роуд шоу во Израел

Израел, 30 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 26 до 30 декември 2014 година, беше во работна посета на Израел. Тој оствари средби и разговори со најголемите ИТ компании во оваа земја, како и со претставници на компании од областа на истражувањето и развојот. Во рамките на владините роуд шоу активности, министерот Ивановски ги претстави можностите што ги нуди Република Македонија за привлекување на странски инвестиции.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација