ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Управување со човечки ресурси“

Скопје, 9 јануари, 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрацијa согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2014 година, на 24 декември 2014 година (среда), во просториите на Центарот за обуки на mинистерството во Скопје, реализираше обука на тема “Управување со човечки ресурси“.

 

Целна група на обуката бeа државни службеници чиишто работни задачи се однесуваат на управувањето со човечки ресурси, во органите на централната и локалната власт.

 

На обуката беа претставени и разработени основните поими за управувањето со човечките ресурси во државната служба, стандардите за управување со човечките ресурси во државната служба, организационата структура и описот на работните места во органите на државната управа, постапката за селекција и вработување, оценувањето, мотивацијата, обуката на државните службеници. Обуката ја спроведоа државни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација и неа присуствуваа вкупно 10 државни службеници, од кои 9 лица од институциите на централната власт и 1 лицe од локалната власт.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација