Најава : Арсовска Томовска на Demo Day настанот за презентација на македонски стартапи

Скопје, 19 февруари 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 20 февруари 2015 година, петок, во 11.00 часот, ќе се обрати на Demo Day настанот, кој го организира македонско – американската компанија „New man’s business accelerator“, на кој македонските стартапи ќе ги презентираат своите идеи и производи пред меѓународни инвеститори.

Настанот ќе се одржи во просториите на „New man’s business accelerator“.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација