Најава : Работен состанок во Велес за новите административни закониСкопје, 10 март 2015 година Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 11 март 2015 година, среда, во 12.00 часот, ќе одржи работен состанок со претставници на институции од општина Велес. На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор. Настанот ќе се одржи во просториите на општина Велес.
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |