Најава : Работен состанок во Прилеп за новите административни закони

Скопје, 16 март 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 17 март 2015 година, вторник, во 13.00 часот, ќе одржи работен состанок со претставници на институции во општина Прилеп. На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Прилеп.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација