Најава : Работен состанок на министерот Ивановски со претставници на јавни институции во ШтипСкопје, 17 март 2015 година Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 18 март 2015 година, среда, во 12.00 часот, ќе одржи работен состанок со претставници на институции во Штип. На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор. Настанот ќе се одржи во просториите на општина Штип.
Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |