Ивановски во Битола на работни средби со претставници на институции и на ИКТ секторот

Битола, 20 март 2015 година

Новите административни закони денеска беа презентирани пред претставници на институции од јавниот сектор во Битола. Министерот Иво Ивановски заедно со стручен тим од министерството ги претставија најбитните сегменти од спроведувањето на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

 

Како што појасни Ивановски на средбата на која присуствуваше и битолскиот градоначалник Владимир Талевски, целта на имплементацијата на законите е воспоставување на модерна и сервисно ориентирана јавна администрација.

 

„Потребно е институциите што побрзо да направат функционална анализа на работењето и да изготват нова систематизација која ќе ја поднесат до Министерството за информатичко општество и администрација. Со новиот закон дозволено е максимум 50 отсто од постоечките вработени да има нови слободни работни места во систематизацијата. Тоа значи дека функционалната анализа треба да покаже кои се најбитните работни позиции, кои сектори и кои одделенија.„- рече министерот Ивановски.

 

 

Ивановски денеска во Битола оствари средба и со претставници на компании од ИКТ секторот, на која ги информира за реализираните проекти на министерството во информатичко-комуникациската област, како и за идните активности и заедничката соработка на тој план. На средбата стана збор за потребите на компаниите од стручен кадар во ИТ сферата.

 

„Целта е да ги разгледаме потребите од локалните ИТ компании во Битола, од аспект на тоа каков професионален кадар им е потребен. Министерството за информатичко општество и администрација заедно со Агенцијата за вработување подготвува проект со кој 1000 дипломирани невработени информатичари во Република Македонија ќе се доедуцираат на програмски јазик според пазарот на трудот и она што го бара приватниот сектор.„- изјави министерот Иво Ивановски.

 

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација