ЈАВЕН ПОВИК за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти

Скопје, 27 март 2015 година

Проект за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

Владата на Република Македонија, преку Министерството за информатичко општество и администрација започна со спроведување на активностите предвидени со Проектот за доделување на вредносни бонови - ваучери за набавување на таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.

 

Како дел од новиот сет економски мерки на Владата на Република Македонија, со доделувањето на ваучерите ќе се излезе во пресрет на студентите кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход, доколку истите се редовни студенти кои се запишани за прв пат во трета и четврта година на прв циклус на студии во студиската 2014/2015 година како и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која година на студии во учебната 2014/2015 година, на високо образовни установи во Република Македонија, до 15 ноември 2014 годиина, така и на компаниите од ИТ секторот.

 

За таа цел се повикуваат сите компании во Република Македонија кои постојат на пазарот подолго од две години, имаат свои продажни места и повеќе од три вработени лица, а се регистрирани за дејности поврзани со трговија, одржување и поправка на компјутери да изразат интерес за учество во спроведувањето на оваа мерка.

 

Заинтересираните ИТ компании најдоцна до 20 Април 2015 година до Министерството за информатичко општество и администрација, потребно е да ги достават следните документи:

 

  • Пополнета пријава за учество која може да се подигне во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација или да се превземе од веб страницата www.mioa.gov.mk/vaucheri;
  • Документ за регистрирана дејност од Централниот Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци;
  • Доказ дека фирмата има тројца вработени (копија од М1-М2 образец), на 25.03.2015 година;
  • Доказ со кој се утврдува постоење на фирмата на пазарот подолго од две години.

    Документите се доставуваат до писарницата на Министерството за информатичко општество и администрација, бул„Св.Кирил и Методиј бр.54, 1000 Скопје, во затворен коверт со назнака: Пријава за учество во проектот за доделување вредносни бонови ваучери.

     

    По завршувањето на рокот за пријавување на веб страницата www.mioa.gov.mk/vaucheri ќе биде истакната листата на компаниите – учесници.

     

    Kонтакт телефон 02 3200 888 и 02 3200 920.

     

     

    Министерство за информатичко општество и администрација