СООПШТЕНИЕ - Доделување на вредносни бонови–ваучери на студенти

Скопје, 27 март 2015 година

Проект за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти

 

СООПШТЕНИЕ

 

Владата на Република Македонија, преку Министерството за информатичко општество и администрација започна со спроведување на активностите предвидени со Проектот за доделување на вредносни бонови - ваучери за набавување на таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.

 

Како дел од новиот сет економски мерки на Владата на Република Македонија, со доделувањето на ваучерите ќе се излезе во пресрет на студентите кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход, доколку истите се редовни студенти запишани за прв пат во трета и четврта година на прв циклус на студии во учебната 2014/2015 година, како и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која година на студии во учебната 2014/2015 година, на високо образовни установи во Република Македонија.

 

Согласно Законот за издавање на вредносни бонови–ваучери („Службен весник на Република Македонија„ бр. 48/2015), вредносните бонови – ваучери се наменети за:

 

  • Редовните студенти на високообразовните установи во Република Македонија кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход и кои до 15 ноември 2014 година за прв пат ќе запишат трета и четврта година на прв циклус на студии, и
  • Студентите евидентирани како лица со посебни потреби запишани најдоцна до 15 Ноември во било која година на студии во учебната 2014/2015 година на високообразовните установи во Република Македонија, а кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход.
  •  

    Вредносните бонови - ваучери ќе бидат за еднократна употреба и ќе се употребат како учество за купување на таблет компјутер со надворешна тастатура.

     

    Заинтересираните студенти до студентската служба на матичниот факултет треба да достават:

     

  • 1. Барање за доделување на вредносен бон-ваучер;
  •  

  • 2. Фотокопија на уверение за државјанство;
  •  

  • 3. Доказ дека се од семејство со вкупни месечни примања кои не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход (Уверение издадено од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за 2014 година), за двајцата родители или старатели на студентот поединечно, како и за самиот студент). Студентот кој е со еден родител или без родители истото го докажува со фотокопија од акт за престанок на бракот или извод од матична книга на умрените, а студентите кои засновале брак и оформиле семејство истото го докажуваат со фотокопија од извод од матичната книга на венчани;
  •  

  • 4. Потврда за редовен студент, запишан за прв пат во трета година (односно со заверен V семестар) и четврта година (односно со заверен VII семестар) на прв циклус на студии во учебната 2014/2015 година на високо образовните установи во РМ, најдоцна до 15 ноември 2014 година.
  •  

  • 5. Студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби, потребно е да достават доказ дека се лица со посебни потреби (каде јасно се гледа дека лицето е со посебни потреби), и потврда дека се студенти во било која година на студии во учебната 2014/2015 година на високо образовните установи во Република Македонија запишани до 15 ноември 2014 година.
  •  

     

    Потребните документи се доставуваат најдоцна до 25 Април 2015 година, по што ќе следува постапката за доделување на вредносните бонови.

     

    Заинтересираните студенти подетално може да се информираат веб страницата www.mioа.gov.mk/vaucheri како и на контакт тел. 02 3200 893, 023200 933 и 02 3200 935.

     

     

    Министерство за информатичко општество и администрација