Ивановски на Самитот за нова економија во Токио и на средби со јапонски компании

Токио, 8 април 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 7 април 2015 година, беше во работна посета на Токио. Тој учествуваше на Самитот за нова економија (NES), кој претставува една од најголемите светски конференции во организација на Јапонската асоцијација за нова економија.

 

Исто така, министерот Ивановски во Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), пред стотина јапонски компании на форум ги претстави можностите кои ги нуди Република Македонија за инвестирање во ИКТ секторот. Тој оствари средби со претставници на компаниите со кои сподели мислења и искуства во рамките на областите во кои работат.

 

Ивановски во Јапонија беше придружуван од министерот без ресор Горан Мицковски, а посетата е во рамките на владините роуд-шоу активности за привлекување странски инвестиции.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација