Јавен повик на РеСПА

Скопје, 11 мај 2015 година

Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) ги повикува сите квалификувани кандидати да се јават на Јавниот повик за именување на Одбор за жалби на РеСПА.

 

За позицијата на член на одборот може да аплицираат лицата кои ги задоволуваат следните критериуми :

 

- имаат добиено универзитетска диплома (мин 240 ЕКТС / односно VII/1 според Болоњскиот систем),

- да бидат државјани на една од земјите членки на РеСПА,

- минимум 5 години работно искуство во областа на управување со човечките ресурси во јавната администрација или меѓународни организации,

- способност за пишување и комуницирање на англиски јазик како службен јазик на РеСПА (минимум Б2 ниво, како што е дефинирано од страна на Европско јазично портфолио при Советот на Европа),

- познавање на мајчин јазик на една од земјите членки на РеСПА.

 

Кандидатите треба да достават кратка биографија со две препораки на лица кои можат да бидат контактирани за да се провери нивното работно искуство и следните скенирани документи:

 

- Универзитетска диплома (мин 240 ЕКТС / односно VII /1 според пред Болоњскиот систем),

- Потврда за државјанство на една земја членка на РеСПА,

- Документ со кој се потврдува работно искуство,

- Документ за познавање на англиски јазик.

 

Апликациите треба да бидат доставени на е-пошта на следната адреса: i.bajo@respaweb.eu. Крајниот рок е петок на полноќ, 22 мај 2015 година.

 

Управниот одбор со Секретаријатот на РеСПА ја утврдува листа на успешни кандидати поделени во групи на земјите членки на РеСПА. Тој ќе избере пет експерти од листата за избор на Одборот за жалби. Доколку некој од членовите биде спречен во извршувањето на задачите, тогаш други лица од листата ќе бидат замена на тој член. Управниот одбор едногласно ја донесува одлуката за именување на членови на Одборот за жалби и нивните заменици. По завршувањето на изборот, кандидатите ќе бидат известени.

 

Одборот за жалби е составен од пет експерти назначени од Управниот одбор за период од четири години. Само еден член на одборот може да потекнува од иста земја членка на РеСПА. Одборот за жалби се состанува само кога е тоа потребно за одлучување по поднесените жалби или други барања за кои е надлежна.

 

РеСПА е меѓународна организација основана како заедничка иницијатива на Европската Унија и земјите од Западен Балкан да се унапреди и зајакне регионалната соработка во реформата на јавната администрација и интеграцијата во ЕУ меѓу своите членови. Седиштето на РеСПА се наоѓа во Даниловград, Црна Гора, а нејзини членови се: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација