ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење”

Скопје, 28 мај 2015 година

Согласно активностите предвидени со Годишната програма за генерички обуки на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, Министерството за информатичко општество и администрација организира серија на обуки на тема “Административно работење“.

 

Целта на обуката е службениците да ги продлабочат знаењата и вештините за секојдневното работење. Теми кои ќе бидат разработени се: законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка. Обуката ќе ја спроведуваат државни службеници-практичари од Државениот управен инспекторат.

 

Целна група на обуката се државни службеници кои работат на прием на поднесоци/документи но и лица за кои сметате дека имаат потреба од оваа обука. Обуката ќе се одржи на 1 јуни 2015 година (понеделник) со почеток во 09:30 часот во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Согласно горенаведеното, молиме да ни доставите номинација за учество на еден државен службеник од Вашата институција, најдоцна до 28. мај 2015г. Истовремено, напоменуваме дека, на службениците коишто ќе дојдат да присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата. За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрација: Мирајете Касами, тел. 02/2400-474, e-mail: mirajete.kasami@mioa.gov.mk.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација