Најава : Напредокот на проектот за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност

Скопје, 15 јуни 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Управата за водење на матични книги, Силас Муслиоски, на 16 јуни, вторник, во 13.00 часот, ќе одржат прес-конференција за напредокот на проектот за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност.

Настанот ќе се одржи во просториите на Управата за водење на матични книги (подрачно одделение Скопје).

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација