Ивановски на „Конференцијата за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста”

Скопје, 22 јуни 2015 година

Google во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци, во Скопје организираше настан на кој се собраа сите засегнати страни во земјата, претставници од различни сектори, телекомуникациите, банкарството, образование, ИТ компании и други.

 

Настанот насловен како "Иновации водени од податоци - можности за раст и предизвици" е целосно посветен на консеквентна и економско- општествена вредност што произлегува од употребата на анализа на податоците од страна на приватни и јавни организации со цел да се донесат подобри одлуки и креирање на нови производи и услуги.

 

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, даде посебен осврт и интерес за темата истакнувајќи: "Иновациите водени од отворени и аналитички податоци не е ново за нас. Тоа е важен инструмент за развој и економски раст на земјата, а тоа е насоката кон која сите ние се стремиме.„

 

Тој додаде дека во изминатите неколку години посебни залагања имаше кон институционалниот развој, реформите во јавната администрација и уште многу други процеси со кои, всушност, се постави основа за модерното општество.

 

„Мора да се каже дека имаме потреба континуирано да работиме и да се ангажираме да се следат иновациите од една страна и интересот на економскиот сектор од другата страна."- додаде Ивановски.

 

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓорѓиевски, ја претстави важноста на алатката Проценка на влијанието на приватноста за сите бизнис сектори.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација