Јавна расправа за Предлог – Краткорочната ИKТ Стратегија 2016 – 2017

Скопје, 10 јули 2015 година

Согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2014 – 2018, Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со претставници на јавниот, приватниот и академскиот сектор, изработи Предлог – Краткорочна ИKТ Стратегија 2016 – 2017.

 

Целта на оваа Стратегија е развој на ИКТ индустријата, односно зголемување на придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка на создавање на работни места во рамките на ИКТ и други поддржани индустрии.

 

Земајќи ја предвид потребата од транспарентно учество на сите засегнати субјекти во изработката на Стратегијата, Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа на која ќе се дискутира по предлог верзиите на Стратегијата и нејзиниот Акциски план. Јавната расправа ќе се одржи на ден 15.07.2015 година, во 10.00 часот, во Стопанската Комора на Македонија (ул. Димитрие Чуповски бр. 13, Скопје, сала 4 на 5-ти кат).

 

Предлог Национална – Краткорочна ИKТ Стратегија 2016 – 2017

 

Предлог - Акциски план на Национална – Краткорочна ИKТ Стратегија 2016 – 2017

 

 

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација