Најава : Промовирање на системите за автоматска локација на возила и за електронска наплата во автобусите на јавниот превоз

Скопје, 13 јули 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈСП, Игор Јанушев, на 14 јули 2015 година, вторник, во 12.00 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе го промовираат проектот за воведување систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз.

Настанот ќе се одржи во салата до кабинетот на Градоначалникот на Град Скопје.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација