Ивановски во работна посета на Брисел

Скопје, 22 јули 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, престојуваше во работна посета на Брисел, во рамките на која оствари средба со еврокомесарот за дигитална економија и општество, Гинтер Отингер, како и со директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за добрососедска политика и за преговори за проширување, Жан Ерик Паке.

 

Министерот Ивановски посетата на Брисел ја искористи и за средби со високи претставници на програмите на Европската Унија, COSME, HORIZON 2020 и Enterprise Europe Network, а во насока на подобро искористување на можностите од овие програми од страна на Република Македонија.

 

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација