Оглас за позицијата директор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)

Скопје, 24 јули 2015 година

Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) го објави огласот за позицијата директор на организацијата и ги повикува заинтересираните кандидати да аплицираат за функцијата до 11 септември 2015 година.

 

Директорот е одговорен за водење на Регионалната школа и нејзините насоки и од него се очекува стратешко водство во рамките на организацијата, како и промовирање на РеСПА меѓу нејзините членки во развојот на квалитетни јавни услуги. Директорот е одговорен за создавање на позитивна работна средина и креирање на визија и јасност на целите за менаџерите и вработените.

 

Директорот на РеСПА ќе работи заедно со Управниот одбор и други мрежи на високо ниво во развојот на школата, како клучен поддржувач и извор на експертиза и вештини за да се овозможи зајакнување на демократското владеење и довербата во јавните служби во Западен Балкан.

Основни барања кои треба да ги исполнуваат кандидатите :

 

- Универзитетска диплома (минимум 240 ETCS), VII/1 степен пред воведување Болоњнскиот систем (во текот на постапката за вработување дополнителни поени ќе бидат доделени на кандидатите со диплома во следните области: право, политички науки, јавна администрација и економија и / или дополнителни поени за кандидати со напредни магистерски степен (300 ETCS).

 

Професионални искуства на кандидатите :

 

- Минимум 10 години професионално искуство во областите поврзани со јавното управување или олеснување на пристапот во ЕУ;

 

- Минимум 5 години искуство на позицијата на високо управување и лидерство;

 

- Релевантно искуство во областа на познавањето и разбирањето на принципите на јавната администрација;

 

- Искуство во развој на лидерство, обуки или консултантски услуги.

 

Кандидатите треба да имаат способност да пишуваат и комуницираат усно на англиски јазик, како службен јазик на РеСПА, како и познавање на мајчин јазик на една од земјите членки на РеСПА.

 

Кандидатите треба да бидат државјани на една од земјите членки на РЕСПА (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија).

 

Повеќе информации и документи за огласот заинтересираните кандидати можат да добијат на следниот линк :

 

http://www.respaweb.eu/24/pages/10/employment

 

РеСПА е меѓународна организација основана како заедничка иницијатива на Европската Унија и земјите од Западен Балкан да се унапреди и зајакне регионалната соработка во реформата на јавната администрација и интеграцијата во ЕУ меѓу своите членови. Седиштето на РеСПА се наоѓа во Даниловград, Црна Гора, а нејзини членови се: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација