Среднорочен извештај за самооценување - Акциски план за отворено владино партнерство 2014-2016 година

Скопје, 7 септември 2015 година

Нацрт - Среднорочниот извештај за самооценување, дава преглед на напредокот и главните постигнати резултати за секој поединечен приоритет од Акцискиот план 2014-2016 година за кој е започната имплементацијата и тоа во надлежност на повеќе институции.

 

Република Македонија е членка на глобалната иницијатива за Отворено владино партнерство. Владата го усвои вториот Aкциски план на 20.05.2014 година.

 

Вашите мислења, коментари и забелешки се од особено значење за она што е до сега постигнато и претставуваат насоки за следните чекори во имплементацијата. Истите ги очекуваме до 23. септември 2015 година.

 

Повеќе за консултацискиот процес на: http://e-demokratija.mk

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација