ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Вовед во Е-влада“

Скопје, 28 септември 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генерички обуки на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, организира серија на обуки на тема “Вовед во Е-влада “.

 

Целта на обуката е запознавање со теми од доменот на Е-влада, со акцент на чекорите за имплементација на истата. Ќе биде претставен и разработен поимот на Е-влада, а ќе се презентираат и студии на случај од Република Македонија. Обуката ја спроведуваат административни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација

 

Обуката е наменета за административни службеници чии дневни работни задачи се непосредно врзани со теми од областа на информатичките технологии. Обуката ќе се одржи на 29 Септември 2015 година (вторник) со почеток во 09:30 часот, во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61 (во прилог мапа со локацијата на Центарот).

 

Согласно горенаведеното, молиме да доставите номинација за учество на еден административен службеник од Вашата институција, најдоцна до 24 Септември 2015 година, која треба да ги вклучува следните податоци: име и презиме, институција, звање, контакт телефон и e-mail. Истовремено, напоменуваме дека, на службениците коишто ќе дојдат да присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.

 

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: г-а Мирајете Касами, тел. 02/2400-474, e- mail: mirajete.kasami@mioa.gov.mk

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација