Арсовска Томовска на Европска конференција за јавна администрација во Луксембург

Луксембург, 1 октомври 2015 година

Повеќе од 300 претставници на јавната администрација и академската заедница од европските земји, присуствуваа на Европската конференција за квалитет, која на 1 и 2 октомври се одржа во Луксембург, како земја претседавач со ЕУ. На конференцијата учествуваше и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

 

Настанот беше посветен на зајакнување на капацитетите на јавната администрација за справување со тековните и идните предизвици, на кој учесниците имаа можност да ги споделат своите искуства и добри практики.

 

Меѓу темите на конференцијата се најдоа: модернизација на јавната администрација, зајакнување на општествената одговорност, борба против корупцијата и зајакнување на професионализмот при градењето иновативна јавна администрација.

 

Арсовска Томовска оствари и бројни средби со европски претставници на кои размени ставови и мислења од оваа област, пренесувајќи ги македонските искуства во професионализацијата на јавната администрација.

 

Конференцијата која е организирана во соработка со членовите на Европската мрежа за јавна администрација (ЕУПАН) и Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА), се одржа по осми пат и неа ја отвори министерот за јавна администрација и административни реформи на Луксембург, Дан Керш.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација