ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Основи на Европска Унија”

Скопје, 01 октомври 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, на 10 и 11 септември 2015 година, во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема “Основи на Европска Унија“.

 

Целта на обуката е службениците да се стекнат со основни познавања за функционирањето на Европската Унија. Меѓу темите кои се разработуваа беа : историјата на интегративните процеси во ЕУ, институциите и процесите на донесување на одлуки во ЕУ, секторски политики на ЕУ техники на транспонирање, ИПА инструментот и другите фондови на ЕУ, комуникација со ЕУ институции и начини на преговарање, административниот простор и принципите на администрација на ЕУ. Обуката ја реализираа административни службеници од Секретаријатот за европски прашања.

 

Целна група на обуката беа административни службеници од централната власт кои работат во сектори/одделенија за европска интеграција,користење на ИПА фондови и меѓународна соработка или се вклучени во рамки на проекти врзани со ЕУ прашања или ЕУ институции.

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација