ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Управување со човечки ресурси“Скопје, 08 октомври 2015 година
Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно Годишната програма за генеричка обука на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, организира циклус на обуки на тема “Управување со човечки ресурси“.
Целта на обуката е административните службеници да ги продлабочат знаењата и вештините во областа на планирањето и управувањето со човечките ресурси во државната служба. Теми кои подетално ќе бидат разгледани се: Стандардите за управување со ЧР во државната служба, организационата структура и описот на работните места во органите на државната управа, постапката за селекција и вработување, оценувањето, мотивацијата, обуката на административните службеници. Истата ќе ја реализираат административни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.
Целна група на обуката се административни службеници чиишто работни задачи се однесуваат на управувањето со човечки ресурси.
Предвидено е обуката да се одржи на: 14 октомври 2015 год. (среда) со почеток во 09:30 часот, во просториите на Центарот за обуки на МИОА во Скопје, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61
Нагласуваме дека на службениците што ќе дојдат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација, по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата./p>
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: г-а Нита Исмаили, тел. 02/2400-476, e-mail: nita.ismaili@mioa.gov.mk.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























