Достапни можности за финансирање на медиумски здруженија, тинк-тенк организации и медиумски синдикати преку програми на ЕУ

Скопје, 15 октомври 2015 година

Почитувани,

Во рамките на воспоставената соработка на Министерството за информатичко општество и администрација со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, ви ја пренесуваме листата на можности за финансирање на медиумски здруженија, тинк-тенк организации и медиумски синдикати преку програми на ЕУ.

 

1) Структура за поддршка на граѓанско општество (Civil Society Facility – CSF) и Програма за Медиуми ИПА 2014-2015 за слободата на изразувањето и медиумите (Во тек е втората фаза од тендерската постапка, крајниот рок за склучување на договорот е на 31.12.2015 година).

 

2) Централизиран со објавување од страна на седиштето на ЕУ: Структура за поддршка на граѓанско општество и програма за медиуми / Поддршка на регионалните тематски мрежи на граѓанските организации (Во тек е втората фаза од тендерската постапка, крајниот рок за склучување на договорот е 31.12.2015 година).

 

3) The People to People (P2P) (луѓе на луѓе) програмата е една од трите компоненти во рамките на Структура за поддршка на граѓанско општество. Во септември 2013 година, P2Pпрограмата стана и нова компонента на ТАКСО проектот. Се организираат и неколку конференции кои се посветени на медиумските слободи и слободата на изразување, како на пример The Speak Up! конференциите. Последователни конференции се планирани и за земјите од Западен Балкан.

 

Повеќе информации може да се најдат на веб страната на ТАКСО: http://www.tacso.org/news/p2p/default.aspx?id=9875

 

4) ТАИEКС (TAIEX) претставува инструмент за Техничка Помош и Размена на Информациипри Европската Комисија. ТАИЕКС ја поддржува јавната администрација во однос на приближувањето, примената и спроведувањето на Европското законодавство, како и во однос на олеснувањето на размената на најдобрите практики на ЕУ. Овој инструмент во голема мера се управува според потребите и обезбедува соодветна наменска експертиза за решавање на прашања во краток временски период и тоа на три начини: работилници, експертски мисии и студиски посети.

 

ТАИЕКС поддршката е отворена за: државните службеници кои работат во централната јавна администрација, судството и извршните власти, парламентот, како и службениците кои работат во Парламентот и Законодавните Совети, претставници на социјалните партнери, синдикати и здруженија на работодавачи.

 

ТАИЕКС не нуди директна поддршка на граѓанското општество, физички лица или поединечни компании.

 

Повеќе информации на: http://ec.europa.eu/enlargement/tenders/taiex/

 

5) ЕИДХР – Европски инструмент за демократија и човекови права 2014-2020

 

Европската Унија со Европскиот Инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) во периодот од 2014 до 2020 година, обезбедува помош за развојот и консолидацијата на демократијата и владеењето на правото, како и почитувањето на сите човекови права и фундаментални слободи

 

Еден од сегментите на кои овој инструмент ќе се посвети е промоција на слободата на здружување и собирање, непречено движење на луѓето, слобода на мислата и изразувањето вклучувајќи политичко, уметничко и културно изразување, непречен пристап до информации, слобода на печатот и независни плуралистички медиуми (како на традиционалните така и на оние кои се базирани на ИКТ), слобода на интернетот и мерки за надминување на сите административни пречки за остварувањето на овие слободи, вклучувајќи ја борбата против цензурата, особено преку усвојување и имплементација на релевантна легислатива.

 

Постојат два вида на Повици за доставување на понуди (ПДП): децентрализирани (од страна на Делегацијата на Европската Унија) и централизирани (од седиштето). Постојат посебни упатства за секој ПДП.

 

Повеќе информации на веб страната: http://www.eidhr.eu/

 

Општа забелешка:

 

Сите информации за можностите за финансирање се објавени на веб страната:

 

https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација