Доделени стипендии за најдобрите ИКТ студенти од кинеската компанија Хуавеј

Скопје, 19 октомври 2015 година

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и компанијата Хуавеј од НР Кина, денеска на свечена церемонија во рамките на програмата „Семиња за иднината 2015„ им беа доделени сертификати за стипендии на најдобрите студенти од ИКТ факултетите при државните универзитети во Република Македонија.

 

Во периодот од 11 до 26 септември годинава, вкупно десет студенти ја посетија компанијата Huawei во Кина, каде имаа можност да го следат процесот на нејзиното функционирање преку тренинг активности. Станува збор за студиска програма која компанијата Huawei ја спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата.

 

На затворањето на програмата се обратија претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и директорот на Хуавеј Македонија, Ли Хан, а присутен беше и амбасадорот на НР Кина во Република Македонија, Вен Џеншун.

 

Инаку, „Семиња на иднината„ како програма ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество.

 

 

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација