ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење “Скопје, 19 октомври 2015 година
Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генерички обуки на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, на 19. Октомври 2015 година (понеделник) во просториите на Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема “Административно работење“.
На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка. Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од Државниот управен инспекторат.
Целна група на обуката беа државните службеници службеници кои работат на прием на поднесоци/документи но и лица за кои се сметаше дека имаа потреба од оваа обука.
На обуката присуствуваа вкупно 17 државни службеници, сите од органите на централната власт.
Одделение за односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација |























