Најава : Конференција за интероперабилност во дигитална Европа

Скопје, 25 октомври 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за економска соработка и развој на Австрија, на 26 октомври 2015 година, понеделник, во 10.00 часот, организираат "Конференција за интероперабилност во дигитална Европа", во рамките на проектот „Поддршка на државната служба и реформите во администрацијата„.

На настанот ќе се обратат заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и амбасадорот на Австрија во Македонија, Рената Коблер, а свои излагања ќе имаат и експерти од оваа област.

Конференцијата ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација