ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Основи на Европска унија”

Скопје, 19 ноември 2015 година

Ве известуваме дека Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, повторно организира обука на тема “Основи на Европска унија“.

 

Целта на обуката е службениците да се стекнат со основни познавања за функционирањето на Европската унија. Теми кои ќе бидат разработени се: Историјата на интегративните процеси во ЕУ, институциите и процесите на донесување на одлуки во ЕУ, секторски политики на ЕУ, Техники на транспонирање, ИПА инструментот и другите фондови на ЕУ, комуникација со ЕУ институции и начини на преговарање, административниот простор и принципите на администрација на ЕУ. Истата ќе ја реализираат административни службеници од Секретаријатот за европски прашања.

 

Целна група на обуката се административни службеници кои работат во сектори/одделенија за европска интеграција, користење на ИПА фондови и меѓународна соработка или се вклучени во рамки на проекти врзани со ЕУ прашања или ЕУ институции.



Предвидено е обуката да се одржи на: 23. и 24. ноември 2015 година (понеделник и вторник), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61.

 

Нагласуваме дека на службениците што ќе дојдат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација, по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Нита Исмаили, тел. 02/2400-476, e-mail: nita.ismaili@mioa.gov.mk.

 

 

 

Одделение за односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација