ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во администрацијата“

Скопје, 12 септември 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генерички обуки на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, организира серија на обуки на тема „Антикорупциски мерки и етика во администрацијата

 

Обуката има за цел да ги унапреди и продлабочи знаењата на административните службеници од областа на етиката и спречување и справување со корупцијата во државната служба. Обуката ќе покрие материја од областа на Имплементација на Законот за спречување на корупцијата и Закон за спречување судир на интереси и Стратешки документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирање на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во администрацијата. Истата ќе ја реализираат административни службеници-практичари од релевантни институции.

 

Целна група се административи службеници чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.

 

Обуката ќе се одржи на 16. Септември 2015 година (среда), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61 .

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Мирајете Касами, тел. 02/2400-474, e-mail: mirajete.kasami@mioa.gov.mk