ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во администрацијата“Скопје, 17 септември 2015 година Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генерички обуки на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, на 16 септември 2015 година (среда) во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема „Антикорупциски мерки и етика во администрацијата“.
На обуката беше претставена и разработена областа на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси и Стратешките документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирањето на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ја реализираа административни службеници- практичари од Државната комисија за спречување на корупција и Агенцијата за администрација.
Целна група на обуката беа административни службеници вработени во органите на централната власт чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.
На обуката присуствуваа вкупно 14 адмнистративни службеници сите од централна власт .
|























