ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Основи на Европска унија”

Скопје, 30 ноември 2015 година

Ве известуваме дека Министерството за информатичко општество и администрација, согласно Годишната програма за генеричка обука на административните службеници во Република Македонија за 2015 година, на 23. и 24. ноември 2015 година во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема “Основи на Европска унија“.

 

Целта на обуката е службениците да се стекнат со основни познавања за функционирањето на Европската унија. Теми кои ќе бидат разработени се: Историјата на интегративните процеси во ЕУ, институциите и процесите на донесување на одлуки во ЕУ, секторски политики на ЕУ техники на транспонирање, ИПА инструментот и другите фондови на ЕУ, комуникација со ЕУ институции и начини на преговарање, административниот простор и принципите на администрација на ЕУ. Обуката ја реализираа административни службеници од Секретаријатот за европски прашања.

 

Целна група на обуката се административни службеници кои работат во сектори/одделенија за европска интеграција,користење на ИПА фондови и меѓународна соработка или се вклучени во рамки на проекти врзани со ЕУ прашања или ЕУ институции.

 

На обуката присуствуваа вкупно 14 административни службеници од централната власт.