Најава: Министерска конференција во Париз за реформи на администрацијата

Скопје, 3 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ќе учествува на министерската конференција на високо ниво, што се одржува во Париз, на тема: ,,Предизвици во реформите на јавната администрација во земјите од Западен Балкан".

 

Арсовска Томовска во своето обраќање утре, ќе се осврне на досегашните искуства поврзани со процесот на спроведувањето реформи во Република Македонија во однос на јавната администрација и идните планови на тоа поле. На конференцијата обраќања ќе имаат и заменик-генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Мари Кивиниеми, Сајмон Мордју, директор во директоратот за проширување на Европската Комисија, како и Карен Хил, директорка на СИГМА(ОЕЦД и ЕУ).

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација