ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Постапка за стручно усовршување на административните службеници”

Скопје, 3 декември 2015 година

Ве известуваме дека врз основа на законските надлежности од доменот на стручното усовршување, Министерството за информатичко општество и администрација ќе спроведува циклус на обуки “Постапка за стручно усовршување на административните службеници“.

 

Целта на обуката е стекнување на знаења за стручното усовршување во контекст на системот на управување со ефектот на административните службеници, како и развивање вештини за законските постапки поврзани со обуката. Истата ќе ја спроведуваат административни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Целна група се вработените во организационите единици за човечки ресурси или административни службеници чиишто работни задачи се однесуваат на стручното усовршување на службениците, во институциите на централната власт и единиците на локална самоуправа.

 

Обуката ќе се одржи на 04. Декември 2015 година (петок) со почеток во 10:30 часот, во Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61.

 

Нагласуваме дека, на службениците коишто ќе присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација, по редовна или е-пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт: г-а Бисера Спасевска, тел. 02/2400-471, e- mail: bisera.vojcheska@mioa.gov.mk