ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ВОВЕД ВО Е-ВЛАДАСкопје, 9 декември 2015 година Министерството за информатичко општество и администрација, согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на администратините службеници во Република Македонија за 2015 година, на 07 Декември 2015 г. (понеделник) во просториите во Центарот за обуки на Министерството во Скопје ја спроведе обука на тема “Вовед во Е-Влада“.
На обуката беа претставени и разработени теми од доменот на електронската влада, со акцент на чекорите за имплементација на истата. Беше претставен и разработен поимот на Е-влада, а се презентираа и студии на случај од Република Македонија. Истата ја реализираше административен службеник- практичар од Министерството за информатичко општество и администрација.
Целна група на обуката беа административните службеници чии дневни работни задачи не се непосредно врзани со теми од областа на информатичките технологии.
На обуката присуствуваа вкупно 15 административни службеници, од централна власт. |























