Најава : Арсовска Томовска на Конференција за затворање на твининг проект финансиран од ЕУ

Скопје, 15 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска на 16.12.2015 (среда) ќе се обрати на завршната конференција по повод затворањето на твининг проектот „Поддршка на реформите во државната служба и јавната администрација“.

 

Проектот беше спроведен во партнерство со Агенцијата за економска соработка и развој на Австрија, а финансиран од Европската Унија.

 

Настанот ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо центарот, со почеток во 10.00 часот.

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација