Најава: Арсовска Томовска на доделувањето награди од натпревар на ,,Мајкрософт”

Скопје, 21. декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска во вторник 22.12.2015, ќе има воведно обраќање на настанот ,,Edu Day" организиран од Мајкрософт Македонија, во рамките на кој ќе ги врачи наградите од натпреварот за наставниците од основните и средните училишта во Македонија. Настанот ќе се одржи во Хотелот Континентал во Скопје, во 11.00 часот.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација