Доделени наградите од натпреварите на ,,Мајкрософт”

Скопје, 22.декември 2015

Во рамките на настанот ,,Edu Day" Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ги врачи наградите од трите натпревари организирани од Мајкрософт Македонија, за наставниците од основните и средните училишта.

 

Станува збор за натпревар за експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE), за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година, како и натпревар за Hour of Code. Победниците од првите два натпревари ќе ја претставуваат Македонија на регионaлните и светските натпревари.

 

,,Иновативноста на наставниците од Македонија кои ги претвораат своите училници во интересни и забавни места за учење веќе е препознаена и докажана надвор од границите на државата. Четири години по ред, нашите наставници ги освојуваат првите места на регионалните и светските иновативни образовни форуми на Мајкрософт", рече Арсовска Томовска, додавајќи дека со ова уште еднаш се потврдува успешното партнерство на Министерството за информатичко општество и администрација и Мајкрософт, за вложување на своите ресурси за креирање средина за учење, во која се стимулира капацитетот на наставникот да изгради клучни вештини на 21-от век им да ги пренесе на своите ученици.

 

Таа потсети дека во март годинава беше потпишан Меморандумот за соработка во областа на образованието, кој опфаќа употреба на новите информатички технологии во образовните процеси во земјата, како поддршка во наставата и учењето.

 

,,Употребата на новите технологии го олеснува пристапот до информациите, овозможува интеракција, ја олеснува комуникацијата и што е најважно, ја зголемува можноста за учество на младите на пазарот на трудот", рече Арсовска Томовска.

 

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација