Арсовска Томовска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Естонија

Скопје, 21 јануари 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Естонија за Република Македонија, неговата екселенција Даниел Ерик Шаер.

Средбата беше посветена на меѓусебно запознавање и разговори за продолжување и продлабочување на соработката меѓу двете земји, во насока на понатамошен развој на информатичкото општество.

 

Како една од водечките ИТ земји во Европската Унија, која во последните години има енормен развој во секторот за информатички технологии, во Естонија ИТ компаниите имаат голема потреба од едуцирани и искусни инженери. Во таа насока беше посочена соработката која МИОА во изминатите неколку месеци ја имаше со естонската компанија Нет Груп, во пронаоѓањето соодветна софтверска компанија за воспоставување на партнерски односи со ИТ компанија во Македонија. Притоа, амбасадорот Ерик Шаер потенцираше дека постојат и други компании со кои ќе може да се воспостави ваква соработка, а посочи и дека ќе ги разгледа ЕУ проектите и можностите за соработка и поддршка на проектите на кои што работи министерството.

 

Амбасадорот исто така ќе ја разгледа можноста за учество на Естонски експерти во процесот на подготовка на Долгорочната Стратегија за развој на ИКТ-индустријата во Република Македонија. Инаку, г. Даниел Шаер бил поранешен амбасадор во Руанда, а од Јануари 2016 година е назначен за амбасадор на Естонија во Македонија, Босна, Србија и Црна Гора.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација