Оглас за позицијата директор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)

Скопје, 01 март 2015 година

Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) го објави огласот за позицијата директор на организацијата и ги повикува заинтересираните кандидати да аплицираат за функцијата до 31 март 2016 година.

 

Директорот е одговорен за водење и управување на  РеСПА и за тоа му поднесува извештај директно на Управниот одбор. Лицето назначено на позицијата Директор треба да обезбеди видливо, инспиративно и стратешко водење; внатрешно, во рамките на РеСПА за менаџерскиот тим и за другиот персонал, како и надворешно, преку промоција на РеСПА како ресурс за членовите на РеСПА во развојот на квалитетни јавни сервиси.

 

Директорот е одговорен за создавање позитивна работна атмосфера во РеСПА и за обезбедување на визија и јасна цел за менаџерите и за персоналот. Тој треба да поседува неопходна оперативна стручност за да обезбеди ефикасно и ефективно мобилизирање на ресурсите и за развивање на вештините во РеСПА и да се погрижи организацијата да има значителен придонес кон развојот на квалитетни јавни услуги меѓу членовите на РеСПА.

 

Повеќе информации и документи за огласот заинтересираните кандидати можат да добијат на следниот линк: http://www.respaweb.eu/24/pages/10/employment

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација