Најава: Арсовска Томовска ќе се обрати на Конференција ,,ИКТ и вработување: потреба и можности"

Скопје, 15 март 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 16. март, среда, во 11 часот, ќе се обрати на конференцијата ,,ИКТ и вработување: потреба и можности", во организација на граѓанското здружение ,,Отворете ги прозорците", a во рамки на одбележувањето на европската кампања ,,Недела на дигитално вклучување" ('Get Online Week 2016').

 

Настанот ќе се одржи во хотел „Порта“ во нас. Аеродром, (ул. Владимир Комаров бб) .

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација