Арсовска Томовска се сретна со австралиската пратеничка Алана Мектиернан

Скопје, 01. Април 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска оствари средба со Алана Мектиернан, пратеник во Долниот дом на Федералното собрание на Австралија. На средбата присуствуваа и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски и советникот за регулаторни прашања од Агенцијата за Електронски комуникации, Владимир Ристевски.

 

Соговорниците разговараа за прашања од областа на информациско-комуникациските технологии, за што австралиската пратеничка искажа особен интерес, поконкретно за напредокот на Република Македонија во однос на покриеноста со широкопојасен Интернет, како и за квалитетниот ИТ кадар со којшто располага нашата земја. Притоа, Арсовска Томовска се осврна на активностите што Владата на Република Македонија ги има преземено меѓу другото и во однос на изградбата на инфраструктурата, развојот на дигиталната писменост кај населението, едуцирањето на младите за информатика и технологија, како и идните планови во таа насока. За време на средбата, пратеничката Мектиернан исто така имаше можност да ги пренесе австралиските искуства по однос на тие прашањa.

 

Инаку, за време на неколкудневната посета на Република Македонија, австралиската пратеничка Алана Мектиернан се сретна и со Претседателот на Р.М.Ѓорѓе Иванов и Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, а ќе се сретне и со Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација