МИОА се приклучува кон поддршката за Дарко Божиноски

Скопје, 06 април 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација се приклучува кон поддршката за единствениот полуфиналист од Република Македонија, на натпреварот за наука и технологија на млади претприемачи од земјите во развој Global Innovation through Science and Technology (GIST) Tech-I pitch competition.

Да го поддржиме младиот Дарко Божиноски, со гласање на линкот www.gistnetwork.org/tech-i/vote.

 

Најдобрите 30 кандидати кои ќе влезат во финалето, ќе патуваат на Глобалниот самит на претприемачи во Силиконската Долина, каде ќе имаат прилика да ги презентираат своите иновативни идеи и да добијат интензивна обука. Победниците на GIST Tech-I, кои ќе бидат избрани од страна на експерти за време на Глобалниот самит за претприемачи, ќе добијат награди и еден-на-еден менторство и обука.

Финалистите ќе бидат избрани по пат на отворено глобално гласање, со тоа што ќе може да се гласа по еднаш дневно за некој од полуфиналистите и тоа во периодот од 1. април до 1 мај.

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација