Работен состанок со невладиниот сектор, за изработка на новата стратегија за РЈА

Скопје, 13 април 2016 година

Во рамките на процесот за изготвување на новата Стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2016-2021 година, Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски оствари работен состанок со претставници на невладини организации. На состанокот беше претставен оперативниот план за изготвувањето на новата стратегија и беше упатен повик за активно вклучување на невладиниот сектор.

 

,,Покрај помошта што ја имаме од СИГМА, во смисла на експертска и техничка помош, сметаме дека е многу битно да го вклучиме и невладиниот сектор, со цел отвореност и транспарентност на целиот процес", истакна Муцунски.

 

Министерството за информатичко општество и администрација во претстојниот период ќе го координира процесот на изготвување на новата Стратегија за РЈА. За таа цел формирана е меѓуресорска работна група, со претставници на релевантни институции кои имаат свои надлежности во рамките на реформата на јавната администрација, при што ќе биде вклучена и академската заедница.

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација